Речица – Топ гол 2:2 (1:1)
Во рамките на 5 коло од ПМФЛ за жени екипата на Топ гол од Битола освои бод на гостувањето во Речица, играјќи со истоимената екипа.
Фудбалерките од Битола, со конечен резултат од 2:2, полувреме 1:1 се вратија непоразени во Битола и прокнижија бод на своето бодовно салдо.
Головите за Топ гол ги постигнаа Бумбаровска во 43 и Петровска во 81 минути.
-Голем бод за нас. Честитки на моите фудбалерки за борбена игра за време на целиот натпревар. Денес покажавме силен карактер и на два пати успеавме да се вратиме резултатски. Овој бод многу ќе влијае на подигнувањето на нашата самодоберба и јакнење на победничкиот дух, изјави Кире Грбевски шефот на стручниот штаб на Топ гол.
За Топ гол настапија:Ничевска, Бумбаровска, Нешковска, Гоцевска, Китанова, Талевска, Петровска, Гелевска, Јанковска, Љондевска и Ковачева уште играа Размовска, Трајчевска и Стојковска.
Следното 6 коло се игра ова сабота, а Топ гол ја пречекува во Битола екипата на Пљачковица.






