Младите фудбалерки на Топ гол од Битола, заедно со нивниот тренер Кире Грбевски има огромна чест и задоволство да бедат дел од средбата со Влатко Андоновски селекторот на Американската женска фудбалска репрезентација и Кејт Мари Брнз, амбасадор на САД.
На средбата која ја организираше Амбасадата на САД, Влатко Андоновски накратко на младите фудбалерки од Битола, им го пренесе своето искуство како тренер во САД, и врз какви принципи се темели тренажниот процес во САД.
Во своето обраќање Андоновски со совети и насоки ги мотивираше младите фудбалерки на Топ Гол од Битола и од другите екипи, да продолжат да тренираат напорно и да веруваат во своите способности.
Амбасадорката во својот говор потенцира колку е важно да се спортува и како спортот ги поврзува Македонија и САД заедно.

Кире Грбевски и Топ гол на средба со Влатко Андоновски селектор на САД во женски фудбал (фото)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Кугланата со нова опрема обезбедена од Општина Битола
- Одбојкарките на Пелистер Волеј со гостинска победа
- Со сигурна игра Пелистер го победи Куманово во Битола (фотогалерија)
- “Двојката“ со гол на крајот на натпреварот дојде до реми
- Фудбалерите на Пелистер со лесна победа и три бода остануваат во врвот на табелата





