
Ѓуро Илиќ од Битола е основач на будо-ценатот од Битола, џудо мајстор 6 Дан и аикидо мајстор 7 Дан, преку неколку фотографии ќе покаже како да се одбраните од напад, кога напаѓачот ве дави од напред, со примена на техника од реален аикидо.
Одбраната од давење, од напред со двете раце започнува со тоа што со коренот на десната рака нанесуваме кружен удар во пределот набрадата на напагачот (скренуваме внимание), за да веднаш потоа ја прифаќаме неговата десна рака во пределот на малиот прст. Потоа правиме полукружно движење одо горе, надолу лост врз неговата десна дланка, нанесуваме удар со десната нога во пределот на гениталиите и го ставаме под контрола, со лост врз лактото и дланката врз неговата десна рака.
На фографиите прикажана е одбрана со примена на техника од реален аикидо.






