Во последните 24 часа во Битола според информации на министерството за здравство, објавени на нивната “фејс бук“ страница, има еден починат пациент од ковид-19 на возраст од 82 години.
Имаме 5 новозаболени битолчани, лица на возраст од 29 до 57 години, две лица даваат податок за контакт со позитивно лице. Со последните бројки досега во Битола 328 биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 73 случаи.
Во Македонија се направени 1.831 тестирања, а регистрирани се 243 нови случаи на ковид-19, а починати се 4 лица.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 100 оздравени пациенти од кои во Битола 3.
Досега во земјата се направени вкупно 193.652 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18.602, бројката на оздравени пациенти е 15.264, на починати е 753, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.585.






