Шкупи 2019 – Топ гол 2:7
Нова празнична победа на сениорките на Топ гол од Битола, во рамките на 9 коло од ПФЛ жени против Шкупи 2019. На гостувањето во Скопје, фудбалеркте од Битола со висок резултат од 2:7 остварија нова победа и прокнижија нови три бода на нивното бодовно салдо.
Натпреварот се одигра на фудбалското игралиште во Пржино, а головите за Топ гол ги постигнаа: Димитровска од пенал, Нешковска, Петровска два и Јанковска стрелаше на три пати.

За Топ гол настапија: Ничевска, Бумбаровска, Размовска, Нешковска, Гоцевска, Петровска, Талевска, Гелевска, Јанковска, Љондевска и Димитровска уште играа Трајчевска, С. Петровска, Китанова, Крстевска и Стојковска.
-Честитки за оваа празнична победа за нас. Одигравме добро и ја контролиравме играта за време на целиот натпревар. Постигнавме 7 голови но промашивме многу шанси и пенал. Ќе мора да поработиме на одговорноста и прецизноста во следниот период, изјави Кире Грбевски, шефот на стручниот штаб.
Следниот натпревар Топ гол како домаќин во 10 коло ја пречекува екипата на Борец од Велес.






