Press "Enter" to skip to content

Стевче Алушевски: со тактички изненадувања до победа

Младиот тренер на Пелистер, Стевче Алушевски, вечерва во салата “Младост“ го изненади својот поискусен колега Илија Темелковски, а одличната контрола која тој имаше над играта и тактичките изнадувања ја донесоа убедливата и неочекувана лесна победа на “пелистерци“.

По завршувањето на натпреварот, тренерот на Пелистер, Алушевски, задоволен од прикажаното на теренот, нагласи дека обраната биле пресудна за победата, а тоа се гледа од тоа дека Пелистер во првиот дел прими само седум гола.

-Вечерва во “Младост“ бевме подобар ривал, а во некои елементиод играта го изненадивме противникот. Но, и покрај лесната победа, не значи дека Еурофарм Работник  е екипа која во иднина треба да се потцени. Убаво е кога сме први на табелата, но имаме уште многу работа, подигање на нивото на играта како што јас сакам. Одлично игравме во одбраната, мислам  дека некои мои ракометари требаше да веруваат повеќе во напад, како на пример Митиќ, рече  тренерот на “пелистерци“, Стевче Алушевски..

Покрај за играта Алушевски додаде свое мислење за состојбите во клубот, односно за долговите кон ракометарите и кои се очекувањата на ракометрите.

-Од кога започнавме со подготовки за оваа сезона планот беше екипата да напредува  постепено, односно од натпревар во натпревар и во таа насока напредуваме. Имама потреба од 3-4 поквалитетни ракометари за да се комплетираме, но и вака како што сме екипирани одиме понатаму. Атмосферата меѓу нас е одлична, и нема несогласувања помеѓу ракометарите и стручниот штаб, но тоа што не се исплатени обврските кон ракометарите се чувстува кај ракометрите во нивната сигурност, додаде Алушовски.

Пелистер е лидер со само еден пораз сезонава,  а со оваа победа  има вкупно 18 бодови.

Екипата на Еурофарм Работник остана на 13 бода.

 

More from СпортMore posts in Спорт »