Болница “Плодност“ – Битола се приклучува кон овогодинешното одбележување на месецот посветен на борба против ракот на дојка и подигнување на свеста кај женската популација за почести и навремени контроли.
За таа цел, до крајот на месец октомври, болницата ќе има намалување на цената на мамографија и ехо на дојки, кои наместо по 2.000 денари, ќе чинат 1.500 денари поединечно.
Попустот се однесува и на заедничкиот пакет на ехо и мамографија, кој наместо 3.000 денари, до крајот на октомври ќе чини 2.500 денари.
Искористете го попустот кој само овој месец е во знакот на розовата панделка.
Закажете термин преку нашите оператори на 047208880.
Грижете се за Вашето здравје и направете мамографија или ехо на Вашите дојки.






