Денес во Битола се потврдени 10 лица во Битола новозаболени од ковид-19, а се работи за лица на возраст од 41 до 76 години. Од новозабоените лица 5 од нив даваат податок за контакт со веќе позитивно лице.
Во Битола бележиме и осум оздравени лица од ковид-19.
Во последните 24 часа се направени 2.140 тестирања, а регистрирани се 408 нови случаи на ковид-19.
Починати се 4 лица, еден пациент од Битола на 76 годишна возраст.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 281 оздравен пациент
Досега во земјата се направени вкупно 223.922 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 24.196, бројката на оздравени пациенти е 17.673, на починати е 850, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5.673.






