Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола до сабота времето ќе биде претежно сончево

Денес, четврток, 22 октомври, во Битола, времето според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи ѓе биде претежно сончево, по одделни котлини со слаба утринска магла. Температурата во Битола до 20°С.

До сабота ќе се задржи стабилно време со ниски утрински температури и со услови за утринска магла по одделни котлини. Дневната температура ќе биде во пораст. Во сабота облачноста ќе се зголеми, а од недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Највисоката дневна температура во Битола од 20 до 25°С.