Денес во посета на ЈКП “Водовод“ – Битола беше директорот на на Институтот за стандардизација Џевад Кицара кој по обиколката на филтерницата во село Дихово, со директорот Горан Козаров, потпишаа меморандум за соработка.
Средбата и посетата на Кицара во Битола е по барање на Козаров, со цел да се применат сите стандарди за преработка и дистрибуција на технички чиста и исправна вода.
По посетата на филтерницата за која Кицара имаше само пофални зборови, Горан Козаров рече:
Со воведување на стандардите кои се пропишани во ЕУ и имплементирани кај нас, ние ќе го подобриме квалитетот на водата во Битола и во другите општини кои ги снабдуваме со вода. При тоа ќе го зголемиме новото на образование кај вработените, заштитата и грижата кон водата при производството на чиста и технички исправна вода за пиење. ЈКП “Водовод“ ќе ги има сите стандарди кои се пропишани.
Директорот на на Институтот за стандардизација Џевад Кицара откако му ги предаде пријавите и сите потребни документи за добивање стандарди рече:
-Битолчани пијат исправна вода која е третирана по сите светски и европски стандарди за водоснабдување на населението. Ова денес го констатирав при посетата на ЈКП “Водовод“ Битола на филтерницата, каде се работи по сите пропишани стандарди. Битола е еден стратешки град, втор по големина и битно е граѓаните да имаат квалитетна вода за пиење. Вкупно до сега има 557 усвоени стандарди за сите дејности, а од нив само за вода се 323, започнувајќи од анализа на квалитет, па се до водоснабдување.
Со потпишпувањет на меморандумот ЈКП “Водовод“ – Битола ќе стане членка на Институтот и ќе има право на обуки од страна на Инситутот за сите вработени за секој стандард посебно, иако како рече Кицара сите се стручни во својата област, но мора и понатаму да се усовршуваат по европските стандарди.

Директорот на на Институтот за стандардизација, Џевад Кицара, во посета на “Водовод“: водата во Битола по сите светски стандарди (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Младите “пелистерци“ со два гола во завршницата во Битола го победија Куманово
- Утре “второ“ полуфинале во Битола, Стајиќ: сакаме реванш, па мајсторка нека одлучи…
- Пелистер во Битола со висока победа над Шкупи (фотогалерија)
- Соопштение на ЕСМ Молика: по инспекциските надзори во кујната на РЕК “Битола“ продолжува со работа
- СВР Битола: битолчанец крадел нафта, полицијата го приведе





