Press "Enter" to skip to content

15 години постоење на списанието “Без навреда“ во Битола

“Без навреда“ магазинот за хумор и забава од Битола, кој го основа и уредува Панде Димитовски, со излегувањето на 106 број по ред, одбележува 15 години постоење, и во овој број како и во изминатите има вицови, карикатури, афоризми од Димитровски, Докуле, Миле…

-Одбележувајќи го јубилејот испраќам искрена благодарност до сите наши соработници, верни читатели, особено до нашите верни пријатели, помагатели без кои Без Навреда немаше да постои. Некои повремено, но некои цели 15 години беа со нас.
Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам за нивната несебична помош и за тоа што ги препознаа трајните вредности на „Без Навреда“. Без навреда ако сте се прочитале или препознале во „Без Навреда“. До читање, напиша по повод 15 години “Без навреда“, уредникот Панде Димитровски, а на стартот на списанието пред 15 години, Панде до битолчани вети и напиша:

-Како уредник ветувам: Без Навреда ќе биде добро средство за смирување (наместо лексилиум) или, би се послужил со изреката: Смеењето е половина здравје. За другата половина погрижете се сами. Се подготвував преку магазинот за Вас да обезбедам половина здравје. Но,за себе заборавив. Поради мое нарушено здравје магазинот излегува со задоцнување.Но,сепак денес пред Вас е првиот број на магазинот Без Навреда. Ве молам Без Навреда ако ве има во Без Навреда.СМЕАТА Е ЛЕКОТ ШТО ГО ПРОДОЛЖУВА ВЕКОТ! Почитувани читатели, Со почит: Панде ДИМИТРОВСКИ

 

More from ВестиMore posts in Вести »