Во рамки на јубилејот 75 години од почетокот на настава на мајчин македонски јазик во Гимназијата во Битола беше промовирана публикација „Академиците од Битолската Гимназија“ чиј автор е адвокатот Никола Главинче и две комплетно училници со маси и столчиња кои се транспортирани и подарени од Техничкиот институт од Васербург, Германија.
Денес во гимназијата “Јосип Броз Тито“ во Битола беше промоворана книгата „Народните херои и академици во Гимназијата Јосип Броз Тито“ од авторот Никола Главинче, адвокат и поранешен ученик во “Горната“.
Како рече авторот Главинче, целта на публикацијата е да се афирмира податокот кој е своевиден феномен и реткост на овие простори – во едно училиште да матурирале толку голем број на академици вкупно18 и пет народни херои и рече:
-Со оваа публикација воедно се претставени личните вредности и професионалните и општествените достигнувања на најзначајните ученици, кои својот живот го посветиле на општото добро и кои го достигнале врвот на професијата, за што потврда е изборот за членови во најзначајната научна и уметничка институција во државата. Со оддавањето на почит кон нив се истакнува нивното значење и вредност, но и значењето и вредноста на Гимназијата како образовна институција, која била базата за нивниот понатамошен успех, а со публикацијата се оддава почит за оние кои ги положија своите животи за нашата и слободата на идните генерации, подвижен споменик за личностите кои со својата професионалност го унапредија и ги унапредуваат нашето општество, науката и уметноста.
-Уверен сум дека ова е потсетник за длабоко врежаните вредности на еден град и едно училиште, начин да се заблагодариме за придонесот на училиштето во стекнувањето на знаење и градење на карактерот, инспирација за други иницијативи и афирмирање на вредности на други значајни институции и поединци, но и идејаи за пишување на нови публикации за Гимназијата, за нејзините ученици кои ги достигнале врвовите во медицината, правото, општествено-политичкиот живот, општествените науки, природните науки, уметноста, рече Главинче.
Фани Наумовска, директор на Гимназијата покрај честитките за Главинче, кој бил и нејзин ученик, му посака и напредок на професионален план, а сака и ноговата фотографија да биде на ѕидот на академиците, а се осврна и на новите вложувања во Гимназијата.
-Овие активности се поврзани со подобрување на условите во гимназијата “Јосип Броз Тито“. Во почетокот на годината кога беше опремена училница од страна на ЕСМ, а сега една училница и еден кабинет по информатика се опремени од печаницата “Киро Дандаро“, Ротари клубот и донација од Германскиот институт, а една училница опреми и Стопанска банка. Општина Битола обезбеди средства за набавката на мебел за четири училници и 5 телевизори што ќе значи целосно опремување на сите училници со телевизори. Вредноста на ивестицијата од Општина Битола е 300.000 денари за училиштен мебел и 100.000 денари за електронска опрема, а без вложени и 370.000 денари за набавка на компјутери, лаптопи и графички таблети кои го олеснаа процесот на настава, рече Наумовска.
–Образованите инстуитуции се најважниот елемент на општественото ткиво. Гимназијата “Јосип Брозт Тито“ била место, расадник на многу дејци и интелектуалци, местото кое од секогаш било синоним за стекнување на големи знаења и градење на квалитетни личности. Посакувам наскоро во сите училишта да се врати детскиот џагор, а од кризата се надевам дека ќе успееме да излеземе заедно посплотени зашто се она што денес го гледаме преку овој пример покажува дека заедништвото е најважно и само така можеме да одиме сите напред и да имаме прогрес, рече градоначалничката Наташа Петровска, која рече дека се планира и комплетно уредување на подовите во училниците, а и промена на дограмата, за што има обезбедено финансии, а се чека само дозволите од страна на Завод и Музеј, бидејќи зградата е споменик на културата.
Главинче додаде и дека се надева со постојните вложувања и новите кои следуваат Горната Гимназија ќе биде и туристичка дестинација за сите намерници кои доаѓаат во Битола, со оглед на големата вековна историја која ја има.
Сега Горната Гимназија име комплетно училници со маси и столчиња кои се транспортирани и подарени од Техничкиот институт од Васербург, Германија, а комплетно е опремен и кабинетот по Информатичка технологија со 25 компјутерски маси и 25 компјутери со дополнителни елементи, како и инвентар за кабинетот по информатика, за што придонесоа Ротaри клуб и АД „Киро Дандаро“.
За оние кои помогнаа за Горната Гимназија беа доделени и благодарници, за Драги Милошевски од “Киро Дандаро“, Ротари клубот Битола, и “Интерворкс“.






