Општина Битола ја објави програмата за прославување на 4. Ноември, Денот на ослободувањето на Битола, а свеченостите започнаа денес со јавна дискусија и доделување на наградите “Камера 300“ за аматерски документарен филм.
Свеченото доделување на наградата за животно дело и едногодишните награди на Општина Битола ќе се одржи во Едукативниот центар на ФИКТ на 4 ноември со почеток во 12 часот.










