Здружението за поттикнување на економскиот и културен развој “ЕРЦ соработка“ –
Битола во соработка со компанијата “Бага фуд“ од Битола и “Њу хаус“ од Битола и хуманитарната организација “Утешител“ од Битола, го имплементираа проектот “Poverty of Humanity“ поддржан од програмата Европски солидарен корпус и националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
Проектот е во времетраење од 2 месеци односно од 15 септември до 15 ноември каде две
волонтерки од Република Турција и Република Чешка во активно работеа на неговата
имплементација.
Целта на проектот е поттикнување на свеста на населението и младите за почесто организирање на банки за храна при што овој тип на активност е многу слабо застапен во регионот и балканот за разлика од другите европски држави.
Волонтерките волонтираа во фабриката на “Бага фуод“ и “Њу хаус“ палачинкара, при што за возрат на волонтерските сати на завршниот настан “Баге Фоод“ донираше конзервирана храна на повеќе од 20 фамилии корисници на Хуманитарното здружение “Утешител“ од Битола.

Волонтерки до Турција и Чешка волонтираа во “Бага фуд“ и “Њу хаус“, плата ја донираа во храна за “Утешител“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Амбасадорката на Чешка во посета на Општина Битола
- Малопродажните цени на бензините и дизелот остануваат непроменети
- АЛТА банка со нова промотивна понуда за штедење во денари и евра
- Општина Битола: јавен оглас за давање под закуп киосци на автобуски постојки
- Четири години работа, од првата конструкција до денес – “Топ стеел инг”





