Во последните 24 часа се направени 3.294 тестирања, а регистрирани се 1.085 нови случаи на ковид-19 од кои во Битола се 28 лица позитивни на ковод-19.
Починати се 12 лица, еден од Битола на 84 години, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 283 оздравени пациенти од кои во Битола 13.
Бројката на оздравени пациенти е 20.731, на починати е 994, а бројот на активни случаи изнесува 9.847.






