Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведени за напад на полицаец и закана, пријава за напад и викенд контроли

На 01.11.2020 во 14.50 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 54 годишник од Битола, затоа што се однесувал агресивно и навредувал полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 01.11.2020 во СВР Битола, 60 годишник од Битола пријавил дека 57 годишник од Битола со остар предмет удирал на вратата на пријавителот и се заканувал на неговото семејство. Тој бил приведен во СВР Битола и по целосно документирање на настанот ќе му биде поднесена соодветна пријава.

На 01.11.2020 во СВР Битола, 52 годишник од Битола пријави дека во неговата куќа на ул.„Јоаким Крчовски“ во Битола неговиот зет за ќерка  на возраст од 33 години од Гостивар, по претходна вербална расправија, физички го нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 01.11.2020 во периодот од 10.00 до 16.00 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола извршиле акциска контрола за откривање на прекршоци „непрописно престигнување“. Притоа, било констатирано дека 22 возачи извршиле непрописно престигнување, а откриени биле и 23 останати прекршоци. За сите прекршоци издадени се соодветни санкции.

More from ВестиMore posts in Вести »