Press "Enter" to skip to content

Совети за самоодбрана: одбрана од напад со палка, во глава, со примена на реален аикидо

Ѓуро Илиќ од Битола е основач на будо-центарот од Битола, џудо мајстор 6 Дан и аикидо мајстор 7 Дан, преку неколку фотографии ќе покаже како да се одбраните од напад, кога напаѓачот ве напаѓа во палка од страна, со примена на техника од реален аикидо.

Одбрана од удар со палка при удар во глава има повеќе, а како една варијанта за одбрана е следната. При ударот на напаѓачот исчекоруваме со лева нога дијагонално напред, со левата рака ја блокираме неговата десна. Истовремено со десната рака притискаме врз неговиот врат, поточно врз артеријата и на тој начин ја контролираме неговата глава. Во исто време нанесуваме удар со десно колено, а потоа преминуваме врз потполна контрола на десната рака на напаѓачот.

На фотографиите прикажана е одбрана со примена на техника од реален аикидо, кои се снимени во поранешниот филмски град во Битола.