Центарот за јавно здравје од Битола со соопштение за потивните пациенти на ковод-19 во хосписот “Сју Рајдер“ во Битола, во кое се вели:
Во петокот (30.10.2020), од страна на одговорните лица во хоспис “Сју Рајдер“ во Битола, добиени се информации дека два пациенти пројавиле лесна клиничка слика (температура). Истиот ден испратен е медицински техничар и на двете лица им се земени брисеви за КОВИД 19. Во вечерните часови добиени се позитивни резултати и за двата пациенти.
Следниот ден направени се епидемиолошки анкети, а одговорните лица на хоспис “Сју Рајдер“ – Битола пријавија дека уште кај 12 пациенти се јавиле лесни симптоми. Истовремено имало неколку вработени со симптоми на КОВИД и истите биле отстранети од работа. Истиот ден земени се брисеви и за 12-те пациенти.
Во текот на вчерашниот ден 01.11.2020, добиени се позитивни резултати за 10 пациенти (од вкупно 12 за кои беа земени). Веднаш е известен Институтот за јавно здравје- Скопје, при што е одлучено да се започне со скрининг најпрво на пациентите, а потоа на персоналот.
Позитивните пациенти во моментов се сместени во т.н. црвена зона во организацијата, суспектните во т.н. портокалова зона, а беше извршен епидемиолошки увид од стана на епидемиолог и ДСЗИ при што беа земени уште 17 брисеви од пациенти (дел од нив се со лесна симптоматологија)х






