Press "Enter" to skip to content

Комисијата за заразни болести препорача, Владата одлучи, до 21 часот ќе работат угостителите

Комисијата за заразни болести препорача, а Владата одлучи – угостителските објекти ќе ги испратат гостите и ќе ги исчистат масите најдоцна до 21 часот.

Досега беа ограничени до 23 часот, а сега со клуч на врата два часа пред тоа ќе придонесат за послаба трансмисија на Ковид низ државата.

Оваа мерка е во согласност со препораките на стручните лица од Комисијата коишто засега не покажуваат подготвеност да воведат целосно затворање на економијата, но со речиси секоја од мерките настојавуваат да ги спречат граѓаните да се групираат и да го шират вирусот.

More from ВестиMore posts in Вести »