Во последните 24 часа се направени 2.731 тестирања, а регистрирани се 913 нови случаи на ковид-19 од кои 33 се во Битола, а од нив 11 пациенти се од хосписот “Сју Рајдер” во Битола.
Починати се 24 лица, двајца пациенти од Битола на 80 и 62 години.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 421 оздравени пациенти од кои 7 е од Битола.
Досега во земјата се направени вкупно 255.904 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 33.908, бројката на оздравени пациенти е 21.665, на починати е 1.049, а бројот на активни случаи изнесува 11.194.






