Празнување на 76 роденден на Битола, на 4. Ноември, денот на ослободувањето на Битола денес започнаа со положување на цвеќе пред споменикот на Револуцијата пред Центарот за култура во Битола.
Цвеќе положи градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, која им го честита денот на ослободување на битолчани и рече:
-Денес за прв пат во тешки услови го прославуваме овој ден, со интонирање на македонската химна и маршеви, но , но остануваме простум, а упати и порака до сите да се чуваме и да продолжиме до година со прослава на роденденот на Битола, во нормални услови.
Во име на Сојузот на борци на Битола делегација предводена од претседателот Александар Трајковски кој потсети на последните денови на окупацијата на Битола, на заминувањето на германците, и почнувањето на една нова ера на слободарска Битола.
Цвеќе положи и делегација на Советот на општина Битола, оредводена од претседателот Валентин Груевски.
И политичките партии на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ положија букети цвеќиња, а а прв тоа го сторија и младите извидници од Битола.
Оваа година поради пандемијата за прв пат ги немаше и претставниците на збратимените градови.

Со полагање на цвеќе на споменикот на револуцијата започнаа празнувањата во Битола за 4. Ноември (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Амбасадорката на Чешка во посета на Општина Битола
- Малопродажните цени на бензините и дизелот остануваат непроменети
- АЛТА банка со нова промотивна понуда за штедење во денари и евра
- Општина Битола: јавен оглас за давање под закуп киосци на автобуски постојки
- Четири години работа, од првата конструкција до денес – “Топ стеел инг”





