Во паркот кај саат кулата, пред новото обележје на Битола, се доделија наградите на учениците кои покажаа најдобри резултати во определени категории на разни натпреварувања.
Наградите во парични средства им ги додели градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.
Парични награди, годинава општината им додели на Леонид Сајков, Искра Нечаковска, Лука Талев, Евгенија Дивитарова и Ана Полизовска.
Леонид Сајков, кој е ученик во СОУ Гимназија Јосип Броз Тито, досега бил дел од три меѓународни олимпијади по природни науки, а два пати има освоено прво место на државните натпревари по физика. Искра Нечаковска е ученичка во ОУ Свети Климент Охридски, а со своето учество на општински, регионални и државни натпревари, постигнала големи резултати, особено по математика, природни науки, биологија, географија и англиски јазик.
Ана Полизовска е ученичка во ОУ Елпида Караманди, а годинава нејзиниот успех го потврдува и првата државна награда по природни науки. Лука Талев, како ученик во ОУ Стив Наумов зад себе има општински, регионални и државни награди и признанија по наставниот предмет биологија, како и награди за неговите пливачки способности. Евгенија Дивитарова, која во учебната 2019/20 година го заврши своето средно образование за своите исклучителни изуми, наградата ја понесува на предлог од Народна техника.
Во знак на 76 години слободарска Битола во небото беа испратени 76 црвени балони.






