Во текот на вчерашниот ден во Битола се регистрирани нови 43 лица позитивни на ковид-19, а вкупно беа направени 3.211 тестирања, а регистрирани се 1.192 нови случаи на ковид-19 во Македонија.
Починати се 22 лица, од кои двајца пациенти од Битола на 71 и 66 години.
Институтот за јавно здравје регистрира 359 оздравени пациенти од кои во Битола 9.
Досега во земјата се направени вкупно 259.115 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 35.097, бројката на оздравени пациенти е 22.024 , на починати е 1.071, а бројот на активни случаи изнесува 12.002.






