Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: приведен битолчанец кој крадел во Кочани и нападнати сопружници

На 04.11.2020 во СВР Битола, Д.Ш. на возраст од 61 година од Битола пријавил дека во центарот на градот тој и неговата сопруга биле физички нападнати од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 04.11.2020 во 14.15 часот полициски службеници од Полициската станица Штип  лишиле од слобода 39 годишник од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“ на подрачјето на Кочани, при што биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичните дела. Против приведеното лице ќе биде поднесена соодветна пријава.

More from ВестиMore posts in Вести »