Press "Enter" to skip to content

Денес 1.275 нови позитивни на ковид-19, Битола 69, починато едно лице, оздравени 14, во болница 71 лице

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 1.275 нови случаи на коронавирус, од нов нови 69 позитивни лица се во Битола.

Инаку се направени се 3.331 тестирање, а денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 502 оздравени пациенти, и тоа од Битола се 14.

Починати се 13 лица, еден пациент е од Битола  на возраст од 65 години.

Во болницата во Битола хоспитализирани се 71 позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 36.372, бројката на оздравени пациенти е 22.526, на починати е 1.084, а бројот на активни случаи изнесува 12.762.

More from ВестиMore posts in Вести »