Press "Enter" to skip to content

In memoriam: Панде Манојлов

Денес во Битола на 72 годишна возраст почина нашиот сограѓанин Панде Манојлов, новинар, поет, литературен критичар, член на Друштвото на писатели на Македонија…, соопшти попладнево неговото семејство.

Панде Манојлов е роден во село Породин, заврши правен факултет, работеше како директор во “Транскоп“ – Битола, а потоа како главен и одговорен уредник на Битолски весник, каде беше новинар во културната рубрика, од каде и замина во пензија.

По заминувањето во пензија активно се посвети на пишување на поезија, а има издадено триесетина печатени изданија. Пишуваше на многу теми, како и за децата, а невогите дела се преведувани на неколку јазици.

Една од неговите најпозанти песни е песната посветена на Палестина, за нвната крвава битка, за што имаше добиено и голем број награди од таа земја.

Носител е на голем број на награди и општествени признанија.

More from ВестиMore posts in Вести »