Вчера во Битола, по подолго време имаме добри статистички податоци во однос на ковид-19 состојбата. Во Битола имаше 22 нови лица позитивни на ковод-19, а регистрирани според Министерството за здравје се 28 оздравени лица. Со последните бројки во Битола вкупно досега има 1.054 позитивни лица, а активни се 518.
Инаку беа направени 1.293 тестирања, а регистрирани се 515 нови случаи на ковид-19.
Починати се 20 лица, од кој еден од Битола на 79 годишна возраст, а Институтот за јавно здравје регистрира 1.194 оздравени пациенти од кои во Битола 28.
Досега во земјата се направени вкупно 272.892 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 40.275, бројката на оздравени пациенти е 24.229, на починати е 1.156, а бројот на активни случаи изнесува 14.890.






