Press "Enter" to skip to content

Универзитетот “Св. Климент Охридски“ – Битола го одбележа Светскиот ден на науката

Kомисијата за наука и меѓународна соработка на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ од Битола, чиј претседавач е проректорот за наука, проф. д-р Игор Неделковски, одржа он лајн седница, во согласност со новите, Ковид прилики, со што УКЛО – Битола, активно се вклучи во одбележување на 10 Ноември – Светскиoт ден на науката.

И ако УКЛО – Битола нема соодветни научни едниници кои фундаменталоно се занимаават со научни сознанија за Ковд 19, во услови на новонастанатите состојби со пандемијата, научната дејност на УКЛО не беше „ставена на пауза“ или „во мирување“ рече надлежниот проректор Неделковски. Во таа смисла, Комисијата за наука и во новите Ковид прилики овозможи афирмација и популаризација на науката на УКЛО што се остваруваше во други дејности и насоки, имајќи ја во вид секогаш важната и потребна релација и врска меѓу науката со заедницата и општеството во целина.По тој повод,  а во рамки на одбележувањето, посебно место на настанот имаа излагањата на професорите од УКЛО: Марија Србиноска од Институтот за тутун – Прилеп, Иванка Нестороска од Факултетот за туризам и угостителство – Охрид и доц. д-р Рената Петревска Нечкоска од Економски факултет – Прилеп. Со нивните презентации, тие се вклучија во одбележувањето на значајниот настан и ја промовираа важноста на науката и научните достигнувања, со нагласената улогата на информатичко – комуникациските технологии и интернетот кои го менуваат начинот на комуницирање на сите полиња и во науката.

Проф. д-р Марија Србиноска констатира дека „цитираноста на некој истражувач, бројот на објавени трудови во списанија со импакт фактор, индексираноста на научните списанија во кои се објавени трудовите и слично, треба се земат предвид при проценка на научната ефектива и да му се даде соодветно значење, со особена внимателност кон различни дисциплини и научни полиња. Според неа, она што е важно е, дека во светот, најчесто на универзитетите или научните институции им се остава сами да утврдат критериуми за научен квалитет на своите истражувачи. Тоа е во духот на трката по знаење, квалитет и рејтинг на секој универзитет одделно. Високиот поединечен рејтинг на наставно – научниот кадар носи и повисок рејтинг на Универзитот. Тоа заедно пак овозможува, поголем интерес од страна на студентите, постдипломците и докторантите за студирање на одреден Универзитет.Професорката Иванка Нестороска од Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, се осврна кон научните согледувања од Проектот УЧЕЊЕ 2030 во функција на новите образовни промени. Имено, проектот УЧЕЊЕ 2030 во кој еден од носечките партнери е УКЛО, од страна на ЕУ оценет е како „пример на добра пракса“., а негов проектен координатот беше проф. д-р Иванка Несторовска. Проектот го подготвува наставниот кадар во високото образование за нивната нова улога во 2030, во согласност со предвидените промени што треба да се случат во образованието меѓу кои и зголементите потреби за индивидуално учење на студентите.

Прфесорката од Економскиот факултет – Прилеп, Рената Петревска Нечкоска низ колаж од материјали во презентацијата се осврна кон два главни моменти: Академијата како дистинктивна сила и придонесот кој може да го имаат професорите, научниците, истражувачите во адресирање на светските проблеми и нивно решавање. Таа го посочи и искуството од EUvsVirus како проектен менаџер за институциите од академија и истражување & развој во насока на градење мостови на соработка чекор по чекор: Тандеми на магистранди од УКЛО & УГент Белгија, трасиран пат за заеднички осврт на магистерски предизвици од различни аспекти на студенти од двата, институциите на двете држави, и домените на примена на научните сознанија.

Во рамки на одбележување на 10 Ноември – Светскиoт ден на науката на УКЛО, потенцирана е потребата и нужноста од видливоста на научниците и нивните публикации, нивно објавување во индексираните бази на податоци, креирање на профили на мрежите за научници, биографија на веб страниците на институциите во кои работат, како и профили на останатите општествени мрежи.Проректорот за наука, проф. д-р Игор Неделковски потсетува дека УКЛО овој настан со посебни, тематски активности започна да го одбележува од мината година и во таа насока, воспоставен е потребниот континуитет, при што, со посебен респект се афирмираат и презентираат достигнувањата  на академски кадри од УКЛО, кои меѓу две одбележувања на настанот, постигнале високи и значајни научни достигнувања, со што УКЛО, недвосмислено и соодветно ја промовира и афирмира науката и научните достигнувања и резултати кои се значајни за заедниците во целина.

Како што е познато, Светскиот ден на науката укажува на важната улога на науката во општеството и потребата од вклучување на пошироката јавност во дискусии и дебати за значајни проблеми од областа на науката. Поврзувајќи ги науката и општеството, Светскиот ден на науката ја нагласува улогата на научните работници во ширењето и разбирањето на светот и овозможува создавањее подобри можности за живот и градење поквалитететни општества.

More from ВестиMore posts in Вести »