Денес, четврток, 12 ноември, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претежно сончево преку целиот ден. Наместа ќе дува слаб јужен ветер. Температурата во Битола до 15°С.
Утре, петок, 13 ноември, во Битола времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во Пелагониската котлина појава на магла. Попладне ќе има зголемена облачност и услови за слаб локален дожд на планините. Температурата во Битола до 13°С.






