Во Битола, вчера беа регистрираби 50 битолчани позитивни на ковид-19, ист број колку и пред два дена. Инаку, вкупно во Македонија беа направени 3.315 тестирања, а регистрирани се 1.295 нови случаи на ковид-19.
Починати се 26 лица, шест пациенти од Битола на 81, 76, 74, 71, 88 и 82 години.
Институтот за јавно здравје регистрира 429 оздравени пациенти од кои од Битола 11.
Досега во земјата се направени вкупно 283.085 тестирања на Ковид -19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 43835, бројката на оздравени пациенти е 25782, на починати е 1238, а бројот на активни случаи изнесува 16815.






