Press "Enter" to skip to content

In memoriam: Вељо Тантаров

На 78-годишна возраст, во Битола, почина Вељо Тантаров, претседател на Сојузот на земјоделци и поранешен пратеник во Собранието на Македонија од 1994 до 1998 година.

Тантаров работеше како новинар во Радио Битола, а беше новинар и во весникот за земјоделие „Трибина“.

Беше одличен познавач на состојбите во земјоделието, а сам се занимаваше со оваа дејност, а даде голем придонес во подобрувањето на условите за работа на земјоделците во секој поглед.

Тантаров е еден од иницијаторите за изградба на манастирот “Св. Богородица“ кај Новаци.

Погребот ќе биде денес во 12:30 часот во село Новаци.

More from ВестиMore posts in Вести »