Во последните 24 часа во Битола се регистрирани 36 битолчани позитивни на ковид-19, а вкупно во Македонија се направени 1.683 тестирања, а регистрирани се 591 нови случаи.
Починати се 40 лица од кои тројца од Битола, дваца на 69 и 71 годишна возраст во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 439 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 293.872 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 47636, бројката на оздравени пациенти е 27803, на починати е 1345, а бројот на активни случаи изнесува 18488.






