Press "Enter" to skip to content

Совети за самоодбрана: одбрана кога напаѓаот ве држи за рамена од назад

Ѓуро Илиќ од Битола е основач на будо-центарот од Битола, џудо мајстор 6 Дан и аикидо мајстор 7 Дан, преку неколку фотографии ќе покаже како да се одбраните од напад, кога напаѓачот ве напаѓа од назад, со примена на техника од реален аикидо.

Еден од начините за одбрана од напад од назад, односно кога напаѓачот ве држи за рамена од назад, се состои од неколку брзи фази. Првата фаза кога напаѓачот ве држи со двете раце за двете рамена-од назад, е завртуваме назад десно и со десната рака пласираме удар во долниот дел од стомакот. Потоа десната рака ја ставаме врз неговото лево рамо, а со десната нога изведуваме внатрешно избивање на неговата лева нога од внатрешната страна.

На фотографиите прикажана е одбрана со примена на техника од реален аикидо, кои се снимени во поранешниот филмски град во Битола.