Press "Enter" to skip to content

“Македон“ и егејските здруженија одбележаа 76 години од формирањето на Првата Македонска Егејска бригада (фото)

Денес во Битола, на платото пред Пожарната, каде што се наоѓа спомен чешмата се одбележаа 76 години од формирањето на Првата народноослободителна ударна бригада од Егејска Македонија.Организатор на традиционалната прослава во Битола беше Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија “МАКЕДОН“, а просуствуваа и  претставници од Здружението на Македонците “Мирка Гинова“ од Штип, претставници од Форумот за човекови права, како и претставници од ВМРО ДПМНЕ и УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Битола.За Првата Македонска Егејска бригада, пред присутните зборуваше Александар Јаневски, Претседател на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија-МАКЕДОН, а се обрати и Ташко Јованов, поранешен претсдеател на “Македон“.-Годинава одбележуваме 71 години од крајот на таканаречената Граѓанска војна во Грција 1946-1949 година, 71 години од насилното прогонство на Македонците од Егејскиот дел на Македонија за време на Граѓанската војна во Грција, 71 години од геноцидот врз Македонците во Егејскиот дел на Македонија за време на Граѓанската војна во Грција! Денес одбележуваме 76 години од формирањето на Првата Егејска Mакедонска Ударна Бригада на 18 ноември 1944 година, Александар Јаневски, Претседател на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија-МАКЕДОН, кој за формирањето на бригадата додаде:-Нејзиното формирање е значаен настан во поновата историја на Македонија, затоа што нејзините борци се пресметаа со балистите во Западна Македонија, соработници на италијанските, бугарските и германските фашистички окупатори, а е формирана токму тука во Битола, пред пожарната каде се построија 2.000 партизани. Свежо цвеќе во знак на почит на сите борци на оваа Егејска Бригада положија покрај организаторот и Здружението на Македонците “Мирка Гинова“ од Штип, претставници од Форумот за човекови права, како и претставници од ВМРО ДПМНЕ и УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »