Со осветлување на значајни објекти во повеќе градови во Македонија, а и во Битола, под мотото “ОБОИМЕ ВО СИНО“, годинава традиционално се одбележа Светскиот ден на дијабетесот.
Во Битола во организација на Лајонс Клубот Хераклеја Битола, Дистрикт 132 Македонија и Гувернерот Марјан Талев, во соработка со НУ “Завод и музеј “ Битола , неколку дена со ред се изврши светлосно обојување на битолската Магаза во сина боја , со што на симболичен начин се одбележа овај ден , посветен на сите оние кои се соочуват со болеста на денешницата – дијабетесот.
Инаку , знакот на едноставниот син круг , како официјално лого на светскиот ден на дијабетесот , симболизира здравје и живот , а сината боја го симболизира небото кое
ги обединува сите луѓе во светот и има за цел да ја разбуди и подигне свеста за оваа
честа болест .






