Press "Enter" to skip to content

Почина 35 годишен пациент од ковид-19, најмладата жртва во Битола

Во Битола на инфективното одделение во Клиничката болница во Битола, кое е регионален ковод центар во последните 24 часа почина млад пациент на 35 години, а тоа е најмладиот смртен случај во Битола од почетокот на кризата.

Во измитатото деноноќие на инфективното одделение во Битола починаа уште двајца пациенти на возраст од 55 и 73 години со живеалиште во Битола и битолскиот регион, со вкупниот број на починати лица од Битола од почетокот на пандемијата се искачи на 61 лице.

Денеска бројот на хоспитализирани пациенти во регионалниот ковид центар во Битола е 76, а во Битола вројот на активни случаи е 738.

More from ВестиMore posts in Вести »