Денес, петок, 20 ноември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе дува умерен северен ветер. Во текот на ноќта облачноста од север ќе се зголемува. Максималната температура во Битола ќе биде 10°С.
Утре, сабота, 21 ноември, во Битола времето ќе биде променливо облачно и студено со силен северен ветер. На планините ќе има услови за провејување на снег. Максималната температура во Битола ќе биде 6°С.






