Денес, понеделник, 23 ноември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде наутро студено со појава на слаба утринска магла, преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 11°С.
Утре, вторник, 24 ноември, во Битола времето ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Температурата во Битола до 10°С.






