Press "Enter" to skip to content

СВР Битола со викенд сообраќајни контроли, 17 возачи под дејство на алкохол, 25 без возачка

Во периодот 21/22.11.2020 полициски службеници на подрачјето на СВР Битола извршиле контрола на возачи и возила, при што било констатирано дека 17 возачи возеле под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај.

Без возачка дозвола управувале 25 возачи, други 19 биле нерегистрирани, а три возила биле технички неисправни.

На мобилен телефон разговарале пет возачи. За сите неправилности се издадени соодветни налози.

More from ВестиMore posts in Вести »