Со оглед на исклучително сложениот период во кој се наоѓаме, ЈП “Стрежево“ – Битола ја намали цената на пастрмката, одгледувана во сопствените рибници.
-Суштински дел на одговорот на ковид-19 е осигурување на пристапот до домашни производи – безбедна, хранлива и здрава храна. Со оваа интервенција на цените сметаме дека ќе дадеме придонес за намалување на отежнатиот пристап до храна како последица на ограничувањата што се наметнаа поради пандемијата, изјави директорот на “Стрежево“ – Битола, Методија Граматковски.
Претпријатието и во иднина ќе продолжи да ја надградува методологијата за цените како рационална мерка, со најразлични интервенции, а со цел реално следење на целокупната состојба во интерес на граѓаните.

“Стрежево“ – Битола ја намали цената на пастрмката
More from ВестиMore posts in Вести »
- Битола памети: пред 37 години, на денешен ден, 10 мај 1989 година, Димитар Илиевски-Мурато го освои највисокиот врв на светот, Монт Еверест (8.848 м)
- Пелистер го победи МЗТ во Битола и закажа “мајсторка“ во Скопје (мега фотогалерија)
- Мицкоски го откри споменикот на хероите Македонци од Туминец, Преспа и Мала Преспа (фотогалерија)
- Малешевиќ: со МЗТ е клучен натпревар оваа сезона, дојдете в сала, потребна е поддрша
- Во Битола облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени





