Во последните 24 часа се направени 1.176 тестирања, а регистрирани се 387 нови случаи на ковид-19 од кои се 20 битолчани нови позитивни на ковид-19.
Починати се 35 лица од кои двајца од Битола на 88 и 77 години.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 528 оздравени пациенти од кои од Битола се тројца се пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 313.519 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 55.127, бројката на оздравени пациенти е 32.894, на починати е 1.546, а бројот на активни случаи изнесува 20.687.






