
Ѓуро Илиќ од Битола е основач на будо-центарот од Битола, џудо мајстор 6 Дан и аикидо мајстор 7 Дан, преку неколку фотографии ќе покаже како да се одбраните од напад, кога напаѓачот ве напаѓа од назад, при влегување во автомобил, со примена на техника од реален аикидо.
Кога напагачот доаѓа од зад грб при влегување во автомобил и со десната подлактица прави обид да да не задави. Одбраната се состои што во истиот момент се наведнуваме, после ударот со левото лакто во долниот дел. Од стомакот се извлекуаме под десната рака на напаѓачот и изведуваме лост врз десното лакто на напагачот. Потоа со десната рака туркаме на назад лево, во пределот на вратот, со левата рака го стискаме непрекинато врз десниот образ на напаѓачот и го ставаме под контрола, на тлото.
На фотографиите прикажана е одбрана со примена на техника од реален аикидо, кои се снимени во поранешниот филмски град во Битола.






