Press "Enter" to skip to content

Во Битола денес 37 нови позитивни на ковид-19 од вкупно 1.093 случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.084 тестирања, а регистрирани се 1093 нови случаи на ковид-19 од кои денес во Битола се регистрирани 37 случаи.  

Со денешнитњ бројки вкупно во Битола до сега има 1.932, а активни се 834 случаи, а денес во Битола, во центарот за Јавно здравје се направени 33 тестови за корона вирус.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 819 оздравени пациенти од: Битола се 42 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 59.701, бројката на оздравени пациенти е 36.825, на починати е 1.658, а бројот на активни случаи изнесува 21.218.

More from ВестиMore posts in Вести »