Министерството за внатрешни работи вчера (01.12.2020) спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Битола и Прилеп, при што санкционирани се 183 возачи, соопшти на денешната прес конференција во Битола портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.
-Притоа, изречени се 97 санкции во Битола, меѓу кои 28 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), 26 за возење без возачка дозвола…, соопшти Ангеловски.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и денеска, како и во наредните денови.
Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.






