Денес во Битола, на 67 годишна возраст почина Благој Стефановски – Баге, поранешниот министер за култура, пратеник од Битола во Собранието на Македонија, директор на битолскиот театар и актер во пензија, претседател на ракометниот клуб Пелистер, претседател на фестивалот, “Браќа Манаки“, основач на малиот театар во Битола…
Стефановски, дипломиран актер, роден во Битола на 7 март 1953 година, од 1975 до 1980 година бил директор на Битолскиот народен театар, бил претседател и селектор на драмската програма на Фестивалот „Охридско лето” и претседател на Фестивалот „Војдан Чернодрински”.
Ееен мандат од 1994 до 1998 година бил пратеник во Собранието на Република Македонија, а од 1 ноември 2002 година до 6 јули 2006 министер за култура.
Љубителите на ракометот во Битола ќе го паметат покрај театарот и како претседател на ракометниот клуб Пелистер, во чиј мандат Пелистер забележува големи успеси на меѓународна сцена. Има немерливи заслуги уште во југословенската лига, како директор дел е од скоро сите титули во македонското првенство, трофеите од националниот Куп, полуфиналето на Купот на националните Куп победници…
Неговото враќање во ракометот се поклопува со никнувањето на Еурофарм Работник. Како еден од иницијаторите, заедно со Марковски, Зарков и Мицевски, почнува проект во кој ја изршува улогата претседател. Видливи беа прогресивните успеси на клубот, кој денес е репрезент на македонскиот ракомет во Европа, одлично организиран и силно амбициозен. Се повлече пред неколку години од здравствени причини. Во клубот беше кога минуваа најголемите ѕвезди на македонскиот и европскиот ракомет: Манасков, Маринковиќ, Марковски, Лазаров, Алушовски, Јусуфовски…






