Press "Enter" to skip to content

Денес 1.342 нови позитивни на ковид-19, во Битола 83, оздравени 56

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.399 тестирања, а регистрирани се 1342 нови случаи на ковид-19 од кои во Битола 83 лице се нови позитивни на ковид-19.

Во Центарот за јавно здравје во Битола се направени  61 тест за ковид-19.

Со последните бројки до сега во Битола има вкупно 2.256 лица позитивни на ковид-19, а активни се 942 случаи.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 679 оздравени пациенти од кои во Битола се 56.

Починати се 22 лица во болнички услови, во Битола нема смртни случаи.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 65231, бројката на оздравени пациенти е 41656, на починати е 1847, а бројот на активни случаи изнесува 21728. 

More from БитолаMore posts in Битола »