На конститутивната седница одржана денес, 3.12.2020 година, беше формиран новиот состав на Локалниот совет за волонтерство на Општина Битола, со мандат од 2 години.
На седницата беше избрана и претседателката Марија Мерковска-Крушаревска и заменик-претседателот Милчо Дули.
Советот за волонтерство е меѓусекторско тело кое се состои од 9 члена и е одговорно за промоција на волонтерските политики и програми на локално ниво.






