По повод 3. декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост во ОУ “Св. Климент охридски“ во Битола во соработка со дефектологот на училиштето и Лајонс клубот Кабадаја од Битола, факултетот за психологија при Меѓународниот Славјански Универзитет “Г.Р. Державин“, организираа работилница со учениците од прво одделение под одделенско раководство на наставничката Жанета Лутовска.
Професорката доц. д-р Горица Поповска Налевска ги запозна најмалите ученици со светот на различностите и посебностите на децата со попреченост.
На работилницата преку читање и дискусија на едицијата сликовници „Децата го менуваат светот“ чии автор е професорката Горица, учениците на сликовит, креативен и конструктивен начин беа воведени во структурата и главната идеја на сликовниците во кои главни ликови се деца со различни попречености. Преку сликовниците кои се со поучен карактер беше испратена силна порака за децата од аспект на развивање на моралните вредности, емпатија и алтруизам.
Преку приказните кои ги пренесуваше професорката Горица, првачињата дознаа за значењето на различностите, другарството и почитувањето, да покажат трпение, љубезност и да се однесуваат со почит кон лицата со попреченост.
Своите впечатоци учениците ги претставија на цртежи преку кои се подготви ликовна изложба во училиштето.
На крај учениците симболично во знак на поддршка пуштија балони во училишниот двор сo мотото, “Обоиме во пријател“.

“Обоиме во пријател“ работилница на Лајонс клубот “Кабадаја“ и Славјански Универзитет во ОУ “Св. Климент Охридски“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Групата “Мартеница“ во Битола ја донесе музиката што ги поврзува Балканот и Ориентот на 18. Фестивал на музика од светот (фотогалерија)
- Претседателката на Македонија – Силјановска Давкова во Битола на настанот „Гласот на младите-еднакви можности и иднина без насилство“ (фото)
- Во Битола ракомет “како личи“ за дерби, Еурофарм Пелистер го победи Охрид, 11 гола на Кузмановски (фотогалерија)
- Отворена мултисензорната изложба на НУ „Завод и музеј“ Битола – “Допир“ (фото)
- Мицкоски на средба со раководството на РЕК “Битола“ и АД ЕСМ





