Со тајно гласање и постапка во согласност со Законот за високото образование и Стаутот на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ од Битола, на 185 конститутивната седница на Универзитетскиот сенат верификуван е мандатот на новите членови во највисокиот орган на управување и стручен орган на Универзиотетот.
На седницата проф. д-р Пеце Николовски од Економскиот факултет од Прилеп е избран за претседател на Сенатот. Мандатот на сенаторите е три години, a нa претседателот на Универзитетскиот сенат и на претставниците од студентите една година.
Постапката за избор на Претседател на Сенатот ја спроведе Изборна комисија на која присуствуваа најмалку 2/3 од вкупниот број членови на Сенатот.
Претседателот на Сенатот е одговорен за законитоста и статутарноста во работењето на Сенатот. Вршењето на должноста Претседател на Сенатот е неспоива со вршење на друга државна функција или функција во политичка партија.






