Press "Enter" to skip to content

Малку оптимизам во Битола, оздравени повеќе од заболени од ковид-19, 51:46 во корист на оздравените

Во последните 24 часа се направени 2.995 тестирања, а регистрирани се 984 нови случаи на ковид-19 од кои во Битола се 46 лица кои се позитивни на корона вирус.

По подолго време бројката на оздравени е поголема од заболените, а во Битола денес има регистрираби 51 пациенти оздравен од ковид-19. Инаку вкупно во Македонија има 631 оздравени пациенти.
 
Починати се 24 лица, тројца од Битола  на возраст од 60, 81 и 55 години.
 
Досега во земјата се направени вкупно 347.080 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 67311, бројката на оздравени пациенти е 42872, на починати е 1901, а бројот на активни случаи изнесува 22538.